Најголемо влијание врз падот на индустриското производство, според Државниот завод за статистика (ДЗС), има намалувањето на производството во одделите: производство на облека со 5,4 отсто; производство на машини и уреди, неспоменати на друго место со 13,5; и снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 17,2 отсто.
При тоа, индустриското производство во секторот рударство и вадење камен во февруари 2026 година, во однос на февруари 2025 година, бележи опаѓање од 9,6 проценти, во секторот преработувачка индустрија има опаѓање од 1,9, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 17,2 отсто.
„Намалувањето во секторот преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство на тутунски производи; на текстил; на облека; на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати; на производи од гума и производи од пластични маси; на метали; на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема; на машини и уреди, неспоменати на друго место; и на мебел“, соопшти ДЗС.
Според главните индустриски групи, производството во февруари 2026 година, во однос на февруари 2025 година, бележи опаѓање кај енергија за 19 отсто; трајни производи за широка потрошувачка за 12 и нетрајни производи за широка потрошувачка за 6,9 отсто, додека пораст има кај интермедијарни производи, освен енергија за 0,2 и капитални производи за 2,1 отсто.






