вторник, 30 декември 2025

Државна лотарија го додели петтиот стан на семејство Фезуљи од Тетово

Објавено на

часот

Сподели

Зулкадер Фезуљи од тетовското село Пршовце е петтиот добитник на стан во Скопје од инстант лозот Доме, сладок доме. Станот, со големина од 83 m2 и гаража од 21 m2, е во вредност од 6.417.919 денари (со сите вклучени давачки, данок на имот, трошоци за пренос и др.), а се наоѓа во една од најубавите скопски населби – Аеродром.

Разгледувајќи го станот, покрај добитникот Зулкадер, најсреќна беше и неговата ќерка Анеса. 

Зулкадер честопати ја предизвикува среќата со инстант лозови на Државна лотарија, и тоа секогаш од продажното место на Државна лотарија што се наоѓа во трговскиот центaр Палма мол во Тетово, каде што Зулкадер е и вработен.

Зулкадер вели дека во друштво на колегите купил три инстант лоза Доме сладок доме, но решил да ги изгребе дома со сопругата и ќерката. Бројот 37 на еден од лозовите Доме сладок доме ги одведе до главната премија. Првата реакција била шок и неверување, по што веднаш се упатиле до продажното место на Државна лотарија каде што ја потврдиле добивката. Следувале бројни повици и честитки од неговите колеги во Палма мол.

На семејството Фезули му посакува среќен, хармоничен и исполнет дом, а ние ги очекуваме новите среќни приказни, порачаа од Државна лотарија.

Комерцијален текст 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ