понеделник, 16 февруари 2026

Доделени 23 таблети за новата „20-20-20“ генерација ученици на ЕВН во Гостивар

Објавено на

часот

Сподели

На примопредавањето на таблет компјутерите раководителот на Корисничкиот Енерго Центар на ЕВН во Гостивар, Александар Трлин ја оцени соработката меѓу компаниите и училиштата како многу моќен, ефикасен и клучен елемент во подготвувањето на учениците за реални работни предизвици со кои би се соочувале во блиската иднина.

„ЕВН Македонија веќе неколку години преку овој проект придонесува во создавањето на стручни кадри за пазарот на трудот во земјата. Одличната соработка со училиштата и учениците нѐ мотивира да продолжиме понатаму и токму затоа секоја година отвораме нови паралелки“, изјави Трлин.

Директорот на училиштето Бесир Салиу се заблагодари за несебичниот придонес на ЕВН Македонија и важноста на проектот за училиштето и општо за градот и рече дека интересот на учениците за запишување на овие паралелки секоја година е сѐ поголем.

Проектот за дуално образование „20-20-20“ започна во 2017г. во СЕТУ „Михајло Пупин“ во Скопје, а првата паралелка во ОСТУ „Гостивар“ се отвори во 2019г.

Учениците кои се дел од проектот посетуваат настава во специјалните ЕВН кабинети во просториите на училиштата. Во овие кабинети имаат на располагање опрема и материјали какви што користат вработените на ЕВН при вршење на секојдневните работни активности. Освен тоа, учениците се менторирани од страна на стручни електромонтери и електроинженери од компанијата. Средношколците кои покажуваат најдобар успех и стекнуваат најмногу знаење, добиваат понуда за вработување во ЕВН согласно потребите на компанијата. До сега се вработени 22 поранешни ученици.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ