понеделник, 29 декември 2025

Димовски до Стопанска комора: Кукате дека немате пари, но ние нема да ви бидеме робови 7 дена во неделата

Објавено на

часот

Сподели

„Работодавачи, еве не пред вашите порти и ви порачуваме да се согласите на скалесто покачување на сите плати во однос на минималната плата. Ќе бидеме фер, бидејќи кукате дека немате пари, ви предлагаме уште утре да се согласите на линеарно покачување на сите плати за 2.806 денари, од хигиенирач до претседател на Владата. Побрзајте, зашто кризата ни ги изеде платите. Ни требаат нормални плати. И да ја повлечете претставката за укинување на недела неработен ден. Не може седум дена да ви бидеме робови. Добро е што ве замолуваме, зашто многу лесно овој протест ќе прерасне во штрајк. А тоа значи прекин на работата во работно време. Е па и вие тогаш ќе трпите штети. Затоа, да се договориме“, рече Димовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ