понеделник, 16 февруари 2026

Централен регистар го продолжи рокот за поднесување годишна сметка

Објавено на

часот

Сподели

Крајниот рок за поднесување на годишна сметка во хартиена форма ќе биде до 10.03 2022 година, со работно време на сите канцеларии на Централниот регистар од 08:00 до 16:00 часот, додека крајниот рок за поднесување на годишната сметка во електронска форма ќе биде до 25.03.2022 година до 24 часот.

„Централниот регистар како сервисно ориентирана институција која секогаш ги зема  предвид барањата и потребите на странките и нашите корисници, во рамките на законските можности трета година по ред го продолжува рокот за поднесување на годишните сметки поради зголемениот број на позитивни случаи од коронавирусот. Сакаме да напоменеме дека минатата година приемот на годишните сметки го следеше трендот како и изминатите години, па во законски предвидениот рок во Централен регистар беа поднесени 95% годишни сметки“, велат од Централен регистар.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ