понеделник, 16 февруари 2026

Бојкотот на машиновозачите продолжува, железничкиот сообраќај и денеска е во прекин

Објавено на

часот

Сподели

Бојкотот на машинскиот и извршниот персонал од „Железници транспорт“ продолжува и денеска откако беше започнат вчера попладне, а патничките и товарните возови не сообраќаат од 15 часот вчера, а раководството на „Железници“ останува на ставот оти бојкотот на железничарите е незаконски.

Бојкотот ќе продолжи сè додека на машинскиот и извршниот персонал во „Железници транспорт“ не им бидат исполнети барањата за исплата на материјалните трошоци, како и на првиот дел од платата за февруари, информираше Тони Димовски, претседател на Синдикатот на машиновозачи на Македонија.

Раководството на „Железници Транспорт“, пак, вчера оцени дека бојкотот на железничарите е незаконски, затоа што не бил најавен писмено.

„Незаконскиот прекин на работа, односно штрајк, не е организиран согласно  Законот за работни односи и  Колективниот договор на ‘ЖРСМ транспорт’ АД-Скопје и не е предизвикан поради социјален момент или други услови со извршување на работните задачи, туку од лична корист на машиновозачите, оценија од раководството на „Железници Транспорт“.


 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ