„Законот за дивоградби е во собраниска процедура. Ако парламентот е подготвен за дебата, тука сме да ги отвориме сите прашања“, рече Бочварски одговорајќи на едно новинарско прашање по увидот во изградбата на браната на реката Отиња.
Бочварски рече дека законот е целосно преправен и корегиран, како и дека се земени предвид предлозите на граѓанските здруженија и организации.
„Државата е исправена пред овој предизвик, да се донесе законот. Ние целосно го преправивме. Направивме и многу други чекори со кои ги послушавме и испочитувавме граѓанските здруженија и организации за законот да биде прифатлив и за граѓаните и за парламентот. Ваков закон е потребен и за националните и за општинските инфраструктурни проекти, но пред се за граѓаните кои сакаат да ги стават во легална рамка своите објекти“, рече Бочварски.
Министерот за време на увидот на изградбата на брана на Отиња, даде ваква оценка: „Градежната офанзива низ земјата продолжува”. Тој додаде: „Градежната агенда во реализација на капиталните проекти продолжува со силна динамика. Подигнувањето на квалитетот на живот на нашите граѓани останува приоритет на Владата“.
За браната Отиња кај Штип Бочварски рече дека е капитален проект за кој се инвестираат 306 милиони денари






