сабота, 27 декември 2025

Бескаматни кредити за компании погодени од енергетската и економската криза

Објавено на

часот

Сподели

Минималниот износ на кредит е 185.000 денари, а максималниот 3.000.000 денари и има рок на отплата од 12 и од 18 месеци со вклучен грејс период од 6 месеци и во двата случаи. За корисниците на оваа кредитна линија предвидена е грант компонента од 10 проценти за субјектите кои ќе користат рок на отплата од 18 месеци, односно 20 проценти за субјектите кои ќе користат рок на отплата од 12 месеци. Грејс периодот и во двата случаи е до 6 месеци.

„Кредитната линија е наменета за микро, мали и средни претпријатија, трговци поединци и занаетчии кои плаќаат данок на реален приход и се регистрирани во Република Северна Македонија. Компаниите треба да бидат во приватна сопственост и на листата на прифатливи класи на дејности за кредитирање, објавена во јавниот повик“, информираат од Развојната банка.

Нагласуваат дека субјектите кои користеле кредит од „Ковид 3″ и „Ковид 4″ кредитните линии, нема да можат да ја користат кредитната линија за поддршка на компаниите погодени од енергетската и економската криза.

„Субјектите кои користеле кредит од „Ковид 1″ и/или „Ковид 2″ кредитните линии и немаат неизмирени достасани обврски во износ поголем од 10.000 денари на денот на аплицирање (11 мај), ќе можат да ја користат оваа бескаматна кредитна линија“, посочуваат од Развојната банка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ