петок, 10 април 2026

Бензините поскапуваат за 2,5 денари, дизелот останува по иста цена

Објавено на

часот

Сподели

Од вечер на полноќ бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по 94,5 денари/литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 по 96,5 денари/литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,903 ден/кг и сега ќе изнесува 54,339 ден/кг.

Дизелот и натаму ќе чини 86 денари/литар, а екстра лесното масло за домаќинство 84 денари/литар.

Од РКЕ велат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините  за 4,216%, кај дизелот за 0,650%, кај екстра лесното масло за 1,312% и кај мазутот зголемувањето е за 3,708%.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ