вторник, 17 февруари 2026

Бензините поевтини за половина денар, дизелот поскапува за еден денар

Објавено на

часот

Сподели

Од вечер на полноќ ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 79 денари, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 81 денар за литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе биде 77 денари/литар, а Екстра лесното масло за домаќинства ќе се продава по 73,50 денари/литар, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,805 денар/килограм и сега ќе изнесува 52,354 ден/кг.

Како што соопшти РКЕ, референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините  за 1,048%, кај дизелот има зголемување за 0,668%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 1,020% и кај мазутот намалувањето е во просек за околу 1,904%.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ