Се создава вештачка паника кај граѓаните што може дополнително да направи штета и дисбаланс на пазарот, изјави министерот Бектеши.
Бектеши истакна дека Државниот пазарен инапекторат е на терен за да утврди зошто се создава ваква паника кај граѓаните, но потенцираше дека нема никакви рестрикции ниту трговците можат да ставаат ограничувања за тоа колку горива треба да точат граѓаните.
Во врска со изјавата на претседателот на Србија, Александар Вучич дека на барање на Македонија ќе ѝ испорача 50 000 тони пченица и 25 000 тони пченка, министерот Бектеши потенцираше дека Владата не побарала пченица и пченка од Србија како што кажа српскиот претседател Александар Вучиќ.
“Владата и Агенцијата за стокови резерви нема побарано пченица и пченка од Србија, но ако Србија сака да ни даде тогаш ние ќе ја примиме таа количина, но треба да ни кажат кога и каде ќе ни ги достават” кажа Бектеши и потенцираше дека за потребите на стопанството има континуирано има увоз на пченица и пченка од Срвија но кажа дека има доволно количини и во државните резерви но и кај мечничарите.
Министерот кажа доколку има санкции кон Русија нема да се почуствува многу во Македонија директно бидејќи теговската размена со Русија е околу 1,5% во однос на вкупната размена со светот но ќе кма индиректно влијание во делот на енергенсите пред се на европските пазари со кои нашата земја има 70% од трговската размена.






