На средбата на која присуствувал и директорот на „Национални енергетски ресурси” АД, Бајрам Реџепи, двајцата министри разговарале за можните правци за развој во полето на енергетиката земајќи ги во предвид движењата на енергетските политики во светски и европски рамки, како и енергетската криза.
„Министерот информираше дека две турски компании се во конкуренција за избор на фирма која што по пат на јавно приватно-партнрство ќе ја гради дистрибутивната гасоводна мрежа во државата. Процесот е во последна фаза и до крајот на годината треба да биде избрана компанија.Двајцата министри се согласија дека Турција и Северна Македонија имаат традиционално одлична соработка на енергетски план и изразија надежи дека во иднина оваа соработка да се продлабочи“, информира Министерството за економија.
Во рамки на Министерскиот состанок во Баку, Бектеши оствари неформална средба и со министерот за енергетика на Република Бугарија, Александар Николов. Со него размениле мислење за реализација на заеднички енергетски проекти, пред се, за интерконективното гасно поврзување на Петрич и Струмица, како дел од процесот на продлабочување на економската соработка помеѓу двете соседни земји.
Бектеши во Баку имал и неформална средба со европскиот комесар за енергетика Кадри Симсон со која разговарале за плановите и иневстициите за развој на енергетскиот сектор во Македонија, пред се за инвестициите за гасно поврзување во регионот.






