недела, 21 декември 2025

Азески со стопанственици од Битола и Прилеп ќе разговара за приоритетите на бизнисот во услови на криза

Објавено на

часот

Сподели

„Состојбите налагаат контактите да бидат секојдневни бидејќи ситуацијата се менува од ден на ден. Основните приоритети опстојуваат и натаму и ќе бидат во фокусот на интересирањата“, велат од Комората.

Притоа ја наведуваат потребата за дефинирање модел за поддршка за потрошената електрична енергија бидејќи безусловно најголем проблем за сите компании е скапата струја, поради што сметките им се зголемени и до трипати, а поскапувањето и на нафтата ја подигнува цената на транспортот, што придонесува за драстичен пораст и на крајната цена на производот.

На компаниите им е неопходно и олеснување и намалување на времетраењето на административните постапки за градежни дозволи за поставување фотоволтаици за сопствено производство, за да се обезбеди за краток период поевтина струја. Ќе се разговара и за континуираниот раст на цените на суровините на светските берзи кој ги поскапува крајните производи и негативно се одразува врз конкурентноста на македонските производи на странските пазари. Исто така и за моделот на јавните набавки, кој, посочува комората, поради фиксните цени, ги прави проектите неодржливи и кој води до колапс наа компаниите од градежниот сектор, а во другите дејности (прехранбената, металната и електроиндустријата и сл.) се најавува откажување на тендерите или носење одлуки да не се учествува на јавните набавки.

Комората бара и стабилна даночна политика до крајот на годината заради, како што посочува, обезбедување каква-таква сигурност за бизнисот во услови на голема неизвесност и непредвидливост.

„Паралелно со актуелните интервентни приоритети за бизнисот во услови на глобална мултикриза, на средбата ќе стане збор и за регионалните капитални проекти, кои мора да бидат приоритетно дефинирани затоа што се во интерес на развојот на целата држава“, најавува Стопанската комора.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ