недела, 15 февруари 2026

Апликацијата Мојот А1 со нова функционалност – Дигитален техничар

Објавено на

часот

Сподели

Дигиталниот техничар со голема брзина дава насоки и им нуди на корисниците чекор-по-чекор инструкции за едноставно и брзо решавање на евентуални потешкотии поврзани со интернет, телевизија и фиксен телефон без да имаат потреба да се јават во контакт центарот. Пристапот до новата функционалност е едноставен, со влегување во апликацијата Мојот А1 и клик кон новата функционалност Дигитален техничар. Дополнително, услугата дава можност и за проверка на сите функционалности на фиксни услуги и поврзани уреди, односно активирани ТВ пакети и дава можност за менување на поставки на ви-фи мрежата. Преку услугата, корисниците добиваат можност и да пријават потешкотија, доколку Дигиталниот техничар не може да ја реши со што се скратува времето од пријавување до техничка интервенција.

Дигиталниот техничар е достапен за А1 корисници кои користат фиксни услуги, а можат да пристапат преку мобилната апликација Мојот А1, достапна на Google Play, App Store и App Gallery, како и преку официјалната веб страница.

Комерцијален текст

 

 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ