понеделник, 16 февруари 2026

Анѓушев нов претседател на Македонската енергетска асоцијација (МЕА)

Објавено на

часот

Сподели

На денешната седница се дискутираше и за енергетската состојба во државата и за начинот за нејзино надминување. На седницата присуствуваа клучните чинители во енергетската сфера во земјава, кои се осврнаа на моменталната енергетска состојба и изнесоа ставови и проекции за натамошниот развој на состојбите.
Кочо Анѓушев, како истакнат бизнисмен и човек кој има 20-ина години искуство во оваа област, во услови на драстично зголемување на цената на енергенсите на меѓународните пазари, континуирано и јавно укажува дека Македонија, за да се справи со недостигот на енергенси од сопствено производство (а има капацитет), треба да ја следи (и да почне со примена на тоа што е напишано во) Енергетската стратегија (како државен документ), со среднорочниот и со долгорочниот план предвидени во неа.

Енергетската асоцијација е постојано работно тело на Управниот одбор на Стопанската комора за разгледување прашања од областа на енергетиката. МЕА со своето дејствување придонесува во создавањето услови за стабилно снабдување со енергија, воспоставување транспарентни пазарни односи, иницирање и реализација на проекти кои имаат цел зголемување на енергетската ефикасност и за користење обновливи извори на енергија. МЕА соработува со невладини организации од областа на енергетиката, со научни институции, со факултети и со МАНУ, сѐ со цел унапредување на енергетската област во земјата.                                                                                       

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ