понеделник, 16 февруари 2026

Ангеловска-Бежоска: Македонската економија не е зависна од Русија и Украина, но можни се последици

Објавено на

часот

Сподели

Гувернерката  Ангеловска-Бежоска говореше на конференцијата од високо ниво, насловена „Пост ковид-19 и скорешните геополитички тензии: која е новата реалност за макроекономијата и пазарите на недвижности”, во организација на централната банка на Белгија.

„Геополитичките случувања, вклучително и руско-украинските тензии може неповолно да се одразат врз динамиката на заздравувањето на глобалната економија, како и на глобалните пазари на примарни производи. Директната изложеност на нашата кон руската и украинската економија е мала и оттаму не се очекуваат позначителни директни ефекти. Сепак, доколку дојде до забавување на глобалниот раст, а особено растот на ЕУ, како наш најзначаен трговски партнер, тоа може да има одредено неповолно влијание и на динамиката на растот на домашната економија“, рече гувернерката.

На конференцијата, како што информира Народната банка, беше посочено и дека по остриот пад за време на пандемијата, економиите од Западен Балкан постепено се опоравуваат. Сепак, динамиката од економија до економија варира и се движи од 3% до 7% раст на БДП за минатата година. Најголем дел од економиите, вклучувајќи ја и нашата земја уште го немаат достигнато предкризното ниво, што во најголем дел се должи на побавното закрепнување на инвестициите. Динамиката на заздравување на економиите во голема мера ќе зависи од пандемијата, енергетската криза, геополитичките тензии и евентуално побрзо затегнување на условите на меѓународните финансиски пазари.

На панелот на конференцијата од висок профил, покрај гувернернерката на Народната банка, учествуваа и гувернерите на централните банки на Белгија, Хрватска, Израел, Грузија и вицегувернер на централната банка на Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ