недела, 15 февруари 2026

Aкадемската заедница очекува зголемување на платите во јавниот сектор

Објавено на

часот

Сподели

Независниот академски синдикат соопшти дека го поздравува покачувањето на минималната плата, усвоено на последниот Економско-социјален совет и смета дека е во насока на подобрување на нивниот животен стандард.

„Сепак, оваа мерка не треба да го воедначи трудот на вработените коишто имаат различно ниво на образование и извршуваат работа со различна сложеност. Воедно, покачувањето на минималната плата треба да се одрази и на висината на останатите плати во јавниот сектор, чиј коефициент е врзан за минималната, но и за просечната плата. Се надеваме дека изменетата методологија за пресметка на минимална плата ќе се почитува доследно, но дека истовремено ќе се почитуваат и останатите законски прописи и колективни договори кои ја уредуваат оваа материја“, велат од синдикатот на академската заедница.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ