недела, 21 декември 2025

АА: Ако власта не знае како да се справи со растот на цените, им нудиме готови предлози

Објавено на

часот

Сподели

Алијанса за Албанците наведува дека во април, инфлацијата која ја мери промената на цените на кошничката со производи за широка потрошувачка, е зголемена за 11,1% во однос на истиот месец од претходната година.

„Ова е уште еден црн рекорд по мартовскиот, базиран на податоците на Државниот завод за статистика, а тоа значи дека особено се погодени семејствата со ниски приходи“, велат од партијата.

Алијанса за Албанците се осврнува на расходите за набавка на основни кошнички производи, како леб, масло, млечни производи и шеќер кои се зголемени со двоцифрена стапка од 4 до 20 отсто. Се потсетува и дека раст има речиси во сите сектори на индустријата и услугите, но дека  покрај прехранбените производи, цената на горивата достигнува историски рекорди, зголемување кое покрај негативните ефекти што ги носи кај производителите кои користат нафта и гас како суровини, има големо влијание врз сите потрошувачи преку зголемување на цените на производите и услугите на производите.

„Алијанса за Албанците во неколку наврати го изнесуваше својот став за мерките што треба да ги преземе Владата за да одговори на поскапувањето. Една од главните и најкорисните мерки би било намалувањето – намалување на даноците и акцизите содржани во цената на горивото. Горивата се такви производи кои имаат многу даноци и акцизи во структурата на формирањето на трговските цени и истото има влијание врз сите економски елементи на цената на финалниот производ. Речиси сите европски земји се обидуваат да интервенираат во цената на горивото, кадешто во некои случаи ги фиксираат цените на максимални нивоа, а во некои случаи привремено ги намалуваат акцизите и даноците“, се вели во реакцијата на партиајата.

Алијанса за Албанците предупредува на растот на цените на производите од потрошувачката кошничка и забележува дека земјите ширум светот одобруваат пакети за помош за сиромашните за да ги амортизираат ударите од растот на потрошувачките цени.

„Но овде, оваа неодговорна и неспособна влада во овој поглед, не презема ништо за да овозможи ублажување на ефектите од овие вртоглави и неиздржливи зголемувања. Владата треба да размисли за подготовка на антикризен пакет за делот на населението. Ние сме на прагот на ребаланс на буџетот и препорачливо е да се предвидат поместувања во буџетските средства, првично со префрлање на средствата наменети за луксузни и неприоритетни расходи кон финансирање на антикризни пакети за најранливите погодени од овие поскапувања“, соопшти Алијанса за Албанците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ