Максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: моторен бензин Еуросупер – 95 – 82,50 (денари/литар), моторен бензин Еуросупер БС – 98 – 84,50 (денари/литар), дизел гориво 74,00 (денари/литар), масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 73,50 (денари/литар), мазут М-1 НС 46,921 (денари/килограм).
За половина денар по литар цената не е зголемена само кај дизел горивото.
Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување: кај бензинот за 0,508%, кај дизелот за 0,092% , кај екстра лесното масло има намалување за 0,337% и кај мазутот зголемување за 0,389% .






