вторник, 9 декември 2025

Здрава котлина: Владата овојпат не се жалеше на одлуката за концесиите за рудникот Иловица-Штука

Објавено на

часот

Сподели

Во реакцијата на Здрава котлина се потсетува на тоа дека македонската компанија од Тетово „Еколог“ од неодамна е акционер во „Еуромакс рисорсис“. Против барањето за концесија на оваа канадска компанија досега имаше 12 пресуди на Управен суд и Виш управен суд.

„Сега монтираниот премиер Таче им дозволи да ги спојат концесиите, но секако со посредство на ДУИ, откако Назиф Дестани вложи милиони евра за 25% од акциите во ‘Еуромакс рисорсис’! Затоа ли пред неколку месеци се сретнале фамилиите Дестани и Заев? По оваа средба, тешко корумпираното судство донесе одлуки спротивни на сите претходни, а за првпат Владата не се жалеше, туку си ги прифати без збор.

За она што гласно говореа дека нема да се случи, сепак еве, пред очите на целата македонска јавност – се случува.

Приказната е едноставна: во големата битка за предавството и убиството на Струмичката котлина и сѐ живо во неа, искористувајќи ја партиската и државна позиција, постојано се плетат високи политичари (поединци со моќ, неразбрани трговци!) од двете најголеми политички партии (ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ), но сега им се придружи и трета (ДУИ)– жедна за профит за сметка на здравјето и животот на сите жители на Струмичката котлина и пошироко. Таква подмолност може да има само во војна.

Како и да е, со ова конечно е завршено со кредибилитетот на оваа Влада во Југоисточна Македонија, а особено во Струмица.

Што се однесува на ВМРОДПМНЕ, чии тогашни партиски елити ги донесоа рудниците и платија политичка цена во 2016 и годините понатаму, останува отворено прашањето дали ќе ја следат старата лажна мантра дека рудниците ќе донесат профит и нема да загадуваат или конечно ќе тргнат во поход за спас на Струмичката котлина, а со тоа и на Македонија? Исто така, општинските совети се првата кочница за ваквиот смртоносен бран. Затоа советниците да си го стават прстот на главата и да се запрашаат дали треба да калкулираат и понатаму или цврсто и решено да кажат НЕ на рак раната во нашето родно гнездо,

На сите луѓе, здруженија, организации, институции и на помалите политички партии на кои им е важно ова прашање за живот или смрт, ги повикуваме да се активираат и на секој начин да влијаат за да се сопре ова грозоморно дело за сите нас. Само здружени ќе победиме. За вакво сценарио на смрт преку проклетите рудници, време е за пад на корумпираните политички елити каде на секое ниво цвета корупција и криминал во врвовите на структурите на партиите кои како канцер си ја присвојуваат и државата, а всушност се марионети на рударските корпорации и не мислат ништо друго освен за личен интерес.

с

Во очите на Струмица и струмичко актуелните политички елити на власт се резил и државен непријател, па така и ќе се однесуваме со вас. Политичките елити и судството се канцерот на Македонија и време е да направиме рез.

Народот активно ќе се мобилизира и ќе се самоорганизираме да делуваме на секаков можен начин. Никогаш нема да дозволиме никаков рудник никому.

И ние имаме чизми на таван! Многу чизми што многу време не се извадени… Време е за народна буна. Рудник нема да има“, соопштуваат од Здрава котлина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ