понеделник, 15 декември 2025

Општината Маврово Ростуше носи одлуки, а општинското раководство не ги спроведува

Објавено на

часот

Сподели

На 25 јуни Советот на Општина Маврово Ростуше одлучи во периодот од 1 јули до 31 август за време на викендите и државните празници околу Мавровското Езеро да се забрани движењето на тешка механизација за извршување градежни работи, на багери, камиони, бетоњерки… Забраната важи за време на викендите од 16 часот во петок до 8 часот во понеделник.

б

Нашите фотографии од денеска покажуваат како раководството на општината ги спроведува сопствените одлуки што ги донело.

к

Како што не се почитуваат урбанистичките стандарди, како што лесно се доаѓа до решение за градба на згради во Националниот парк Маврово, како што никој веќе не води грижа за ѓубрето кое неконтролирано се фрла покрај езерото, така и за оваа оправдана одлука за забрана на движење на камиони околу езерото за време на викенди кога бројот на туристите е зголемен – никој не се грижи. Бетоњерки, дупчалки, камиони… и денеска, сабота, викенд, слободно се движеа и си ја вршеа работата по парцелите околу езерото.    

к

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ