И претходниот и актуелниот состав на Советот на Општина Ново Село донесоа одлуки против отварање на рудник за злато и бакар во Иловица и Штука, како и против какви било идни истражувања за металични суровини и какви било објекти на територијата на општината од класата Г1- тешко загадувачка индустрија, во кои спаѓаат сите рудници, топилница...

Во Општина Босилово никако да се закаже седница на Советот на која би се расправало за отворање рудници во овој крај. Не е закажана седница на советите на општините Василево и Струмица.






