недела, 14 декември 2025

Никогаш нема да има овде рудник, порака од протестот во Струмица

Објавено на

часот

Сподели

Според Николко Танушев, активист на Коалицијата „Стига е“ и член на Советот на Општина Струмица, денешниот протест треба да ги замисли сите кои одлучуваат.

„Ниту во еден момент да не помислите дека е можен рудник тука во струмичко. Такво нешто ќе предизвика отворени насилни судири и дестабилизација на државата. Рудник овде никогаш нема да има“, порача Танушев, кој додаде дека со сите средства ќе продолжат да се борат против отворање рудник.

с

Стојан Велков Трн во своето обраќање истакна дека секој треба да го даде својот придонес и дека секој треба да се разбуди.

„Човеку со големо Ч напред, разбуди се. Не е време за апатија и малодушност. Ти човеку треба жестоко да реагираш против неправдата и излези од сенката на стравот затоа што не сме сами и никој не е сам. Преземи акција и заедно ќе бидеме посилни“, рече Велков Трн.

д

На говорницата обраќања имаа и други активисти и граѓани, кои уште еднаш повторија дека нема да дозволат да се отвори рудник во Струмичко.

На протестниот собир присутвуваа министерките Јована Тренчевска и Каја Шукова, пратеници од регионот, градоначалници, членови на совети и владиката Јаков од струмичката епархија на МПЦ.

                                                                                                                                       МИА

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ