вторник, 17 март 2026

На Шар Планина снимени две нови единки на балканскиот рис (ВИДЕО)

Две нови единки на редок балкански рис се регистрирани на територијата на Националниот парк Шар Планина. Со ова вкупниот број на ова заштитено диво животно во паркот се зголеми на пет.

Објавено на

часот

Сподели

Рисовите биле регистрирани со помош на трап-камери за време на редовниот мониторинг на дивиот свет, на подрачје кое административно припаѓа на Врапчиште, информираат од управата на паркот.

Според нив, новозабележаните единки се во добра здравствена состојба, што се смета за позитивен сигнал за постепено закрепнување на популацијата на овој редок вид на планината.

Од паркот посочуваат дека резултатите се плод на долгогодишните активности за заштита на природата и дивиот свет. Тие најавуваат дека ќе продолжат со мониторингот и мерките за зачувување на екосистемите на Шар Планина.

Балканскиот рис важи за еден од најзагрозените цицачи во регионот, а секоја нова регистрирана единка се смета за значаен чекор во напорите за негов опстанок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ