недела, 14 декември 2025

Младите го чистеа струшкото крајбрежје

Со повеќе еко акции за чистење на струшкото крајбрежје на потегот од Евро хотел до Елен камен, подводно чистење на езерото, мапирање на еколошки чисти плажи, и едукативна работилница успешно се реализира проектот „Екологија, дел од нашата култура“ како дел од програмата на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Објавено на

часот

Сподели

Младите, помогнати од граѓаните кои се приклучуваа на акциите, собираа најразличен отпад. На повеќе локации се собираше отпадот, а беше спроведека и креативна акција „Езерото не е корпа за отпад“ за која беа изработени транспаренти со еколошки пораки за заштита на Охридското Езеро. Исчистените плажи се обележаа со еко-знамиња како еколошко-чисти плажи. Целта пред сѐ е подобрување на состојбата на животната средина и подигнување на свеста за зголемена заштита на Охридското езеро и крајбрежјето“, велат од здружението „Нова порта“.

к

Од спортскиот клуб „Соларис“ кои беа дел од еко-активностите велат дека еколошките акции пред сѐ имаат едукативна намена, а практичните примери се најважни во борбата за заштита на животната средина.

Беа организирани и едукативни еко-работилници. Од „Нова порта“ велат дека проектот од друга страна придонесе да се остави чиста слика пред бројните туристи кои престојуваат во Струга.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ