понеделник, 8 декември 2025

Македонија почнува преговори за пристап до Програмата на ЕУ за животна средина

Објавено на

часот

Сподели

Освен со Македонија, Еврокомисијата ќе ги почне денешните преговори и со Албанија, Андора, Фарските Острови, Израел, Молдавија и Турција.

Како што информираат од Комисијата, приклучувањето кон Програмата ЛИФЕ ќе им помогне на седумте земји да развиваат иновативни еколошки и климатски техники, пристапи и најдобри практики кои придонесуваат за климатски неутрална, циркуларна и прилагодлива економија и кои ја штитат и обновуваат природата.

Според најавите од Европската комисија, во рамки на стартот на преговорите предвидена е и средба на министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова со еврокомесарот за животна средина, океани и рибарство Виргинијус Синкевичиус.

Во пресрет на денешниот старт на преговорите, Синкевичиус нагласи дека предизвиците поврзани со животната средина и климата, како што се климатските промени, намалувањето на биолошката разновидност и загадувањето, ги надминуваат државните граници и со нив ќе може да се справиме само со заедничко дејствување. 

„Со значително зголемување на бројот на земји кои учествуваат во програмата ЛИФЕ, ние активираме конкретна соработка и размена на решенија за здрава планета и надвор од ЕУ“, додаде еврокомесарот Синкевичиус.

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) информираше дека министерката Каја Шукова остварила билатерална средба со Синкевичиус на која е потпишан Договор меѓу Европска Унија и Македонија за учество во Програмата на Унијата „Живот” (LIFE) за заштита на животната средина и климатски активности.

Со потпишувањето на Договорот, како што кажала министерката Шукова на средбата, првпат ќе се обезбеди пристап до овие финансиски мехнанизми на ЕУ со што ќе се отворат нови можности за аплицирање за проекти и ќе се овозможи подобро општествено вклучување во имплементацијата на европските политики за управување со глобалните предизвици и имплементација на заедничките цели за поздрава и помалку загадена животна средина, подобро заштитена природа и биодиверзитет и декарбонизирана иднина.

„Во разговорот Шукова го информираше еврокомесарот Синкевичиус за тековната состојба со заштитата на животната средина во нашата држава. Таа нагласи дека како држава веќе ги делумно ги исполнуваме целите на програмата LIFE за промена кон одржлива, климатски отпорна економија, со поставување на националните среднорочни и долгорочни цели за декарбонизација, со посветеноста на реставрацијата на екосистемите и одржливо управување со природните вредности што се потврдува со зголемувањето на процентот на заштитени подрачја на нашата територија од 8,9% на 13,9 проценти во последните две години и заложбите да изградиме зелена економија од екосистемските услуги за кои имаме голем потенцијал, како и со воведување на директни мерки од европското законодавство за животната средина во политиката за економска реформа 2022-2024 година, поглавје за зелена агенда, што се однесуваат на третман на отпадни води и воспоставување интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпад“, се посочува во соопштението.

Според неа, еден од клучните предизвици во наредниот период ќе биде енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија, бидејќи е предвидвидено до 2025 година, уделот на обновливи извори на енергија во електрична енергија да биде 46 проценти. Мерките опишани како клучни за зелената транзиција вклучуваат: отворање платформа со цел да се вклучат сите засегнати страни во развивањето на циркуларната економија; подобрување на координацијата меѓу компаниите и централните власти и зајакнување на меѓусекторската соработка за активности на понатамошни мерки за подобрување  на квалитетот на воздухот; и подобрување на системот за третман на отпадни води преку зголемување на бројот на пречистителни станици.

За учество во Програмата, Владата преку МЖСПП ќе обезбеди соодветна финансиска контрибуција во вкупна вредност 1 327 990 евра распределени во пет години,  од 2023 година до 2027 година, се посочува во соопштението од МЖСПП.

Европската комисија преговори за поврзување со ЛИФЕ, денеска почнува со уште шест држави што не се членки на ЕУ и тоа Албанија, Андора, Фарските Острови, Израел, Молдавија и Турција. Како што информираат од Комисијата, приклучувањето кон Програмата ЛИФЕ ќе им помогне на седумте земји да развиваат иновативни еколошки и климатски техники, пристапи и најдобри практики кои придонесуваат за климатски неутрална, циркуларна и прилагодлива економија и кои ја штитат и обновуваат природата.

Во рамки ова партнерство, јавни и приватни организации од земјите опфатени со Програмата ЛИФЕ ќе може да добиваат финансиска поддршка за проекти поврзани со развој на еколошко иновативни техники и пристапи, промоција на практики поврзани со заштита на животната средина и поддршка за подготовка и спроведување на закони слични со оние во ЕУ, како и на планови и стратегии кои можат да придонесат за имплементација на ваквите законски решенија закони.

Програмата ЛИФЕ е инструмент на ЕУ за финансирање на активности поврзани со заштита на животната средина и климата, што се спроведува од 1992 година. Во нејзини рамки досега се кофинансирани повеќе од 5.500 проекти во и надвор од  ЕУ, за чија цел се одвоени 5,4 милијарди евра. 

ЛИФЕ претставува нишка помеѓу програмите на ЕУ за истражување и иновации и програмите за финансирање на проекти од големи размери и како таква го премостува јазот помеѓу истражувањето и имплементацијата на политиките, поврзувајќи ги надворешните фактори со иновациите во животната средина и климата преку практични решенија. 

Новата програма ЛИФЕ 2021-2027 им овозможува на земји што не се членки на ЕУ да се приклучат на програмата преку билатерални договори за асоцијација меѓу Унијата и овие држави кои содржат конкретни услови. Исланд се приклучи кон Програмата ЛИФЕ во септември 2021 година, а минатата недела и Украина потпиша Договор за пристапување до Програмата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ