вторник, 9 декември 2025

Депонијата што го загади Полог нема дозвола за складирање на комунален отпад

Објавено на

часот

Сподели

По пожарот на депонијата во Тетовско, направен е увид од Државниот инспекторат за животна средина и се прибира документацијата од фирмата концесионер ДТУ Еко-Ливинг ДООЕЛ Чегране.

„Дел од документацијата не е уште доставена. Во МВР била документацијата, во 15 часот треба документацијата да се достави до Инспекторот. Она ние што имаме од Министерството за животна средина и просторно планирање дека има две дозволи. Една е за третман за складирање на отпад, тоа е дека може да работи на таа локација хартија, пластика и железо. И втората дозвола е собирање и транспорт на комунален и неопасен отпад. Има дозвола за складирање и третман на железо, што е отпад, овие отпадите што ги гледате во градовите, со дозвола од министерството каде што може да купува хартија, пластика и железо. Не смеел да носи комунален отпад на таа локација, согласно дозволата што ја има требал да го транспортира комуналниот отпад директно во депонија Русино, изјави Директорот на Државниот инспекторат за животна средина Сретен Стојковски.

По добиена информација за опожарување на депонијата виш инспектор за животна средина и државен инспектор за животна средина од Одделението за инспекциски надзор во животната средина-Полошки регион, канцеларија Гостивар го извршиле вонредниот инспекциски надзор на самото место. Според Стојковски, доколку се констатира дека бил оставен комунален отпад ќе има забрана за дејност.

„Точно се знае кои шифри на отпад, ќе направат проверка и доколку се утврди ќе се преземат соодветни санкции спрема фирмата бидејќи не смеела комуналниот отпад да го носи на таа локација. Дали носел комунален отпад од општините со кои има склучено договор на таа локација во Стенче,  а требало да го носи во депонија Русино, тоа ќе го провери инспекторот и доколку утврди тоа, а имало горење на отпад ќе има соодветна санкција, забрана за работа, согласно Законот за управување со отпад и законот за животна средина“, изјави Стојковски.

Инспекторатот констатирал дека опожарувањето на отпадот започнало во понеделникот во 23 часот, по што се повикани пожарна и полиција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ