понеделник, 15 декември 2025

Цврстите честички од Макстил се пониски од граничните вредности

Објавено на

часот

Сподели

Ова се потврдува и со мерењата во вториот квартал од 2023 година, коишто покажуваат дека на мерната точка Оџак од пескара, каде дозволената гранична вредност изнесува 30 (mg/Nm3) милиграми на нормален метар кубен, највисоката вредност била измерена во месец јуни и изнесува 11,91 милиграми на нормален метар кубен. Највисоката вредност на втората мерна точка, Оџак од филтер постројка каде дозволената гранична вредност изнесува 20 милиграми на нормален метар кубен, била во месец февруари и изнесува 7,82 милиграми на нормален метар кубен.

ф

Овие вредности се во согласност со европските гранични емисиони вредности, и воедно се пониски и од пропишаните параметри во А-интегрираната еколошка дозвола.

ф

Компанијата согласно својот општествено одговорен однос, постојано инвестира во современи технолошки процеси со кои значително се зголемуваат еколошките стандарди, соопшти Макстил.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ