„Рисот, волкот, лисицата, мечката, не се само митски битија кои живеат во македонските народни приказни, туку тоа се вистински живи суштества, кои во исто време со нас, опстојуваат во оваа држава“, вели Искра Манојлоска, координаторка за комуникации во Еко-свест.
Заклучоците од Меѓународната конференција за природа која се одржа во Скопје минатата година, уште еднаш го потврдија фактот дека природата е приоритет.

Како приоритет број еден се издвои потребата од итно усвојување на Законот за природата. Во постапката на подготовка на законот потребно е да се вклучат релевантни институции, експерти, граѓански организации како и управителите со заштитени подрачја.
На Меѓународната конференција присутни беа сите релевантни чинители на меѓународно ниво, како и претставници од националните институции, соопшти Еко-свест.






