Еко-свест бара поништување на дозволите за користење на вода за производство на електрична енергија за малите хидроелектрични централи (МХЕ) Баров Дол и Папрад, на реката Дошница во Општина Кавадарци.
„Со оглед дека управниот приговор беше отфрлен, и покрај наводите укажани од страна на Еко-свест за непочитување на позитивните законски прописи од Законот за животна средина и Законот за водите, МЖСПП во диспозитивот не се задржа на овие наводи.

Поведената постапка исто така има за цел утврдување на правото на Еко-свест да биде странка во постапката согласно одредбите од Законот за животната средина и Архуската Конвенција, со оглед дека реката Дошница претставува природно богатство т.е. јавно добро кое можат да го користат сите граѓани. Оттука, учеството на јавноста во одлучувањето и пристапот до правда за прашања поврзани со животната средина е неопходно за унапредување на состојбите во животната средина и остварувањето на уставно загарантираните права на граѓаните“, изјави Марко Гучески, правник за животна средина во Еко-свест.






