Во текот на 2025 и почетокот на 2026 година беа изведени 120 претстави, кои ги проследија повеќе од 30.000 деца. Преку театар, игра и интеракција, децата имаа можност на забавен начин да научат за заштитата на животната средина, рециклирањето и значењето на здравите навики, особено редовната консумација на вода.
Големиот интерес и позитивните реакции од децата, воспитувачите и родителите ја потврдија вредноста на проектот и отворија простор за негово понатамошно развивање и создавање нови едукативни концепти наменети за најмладите.

„Нашата цел беше да создадеме претстава што на забавен и разбирлив начин ќе ги доближи важните еколошки пораки до децата. Реакциите на публиката ни покажаа дека успеавме во тоа“, изјави режисерката Десанка Глигоријевиќ.
„Големиот интерес и позитивните коментари за „ЕКО авантура“ се наша силна мотивација и натаму да продолжиме со поддршка на едукативни проекти кои се од голема важност за децата и идните генерации.“, истакна менаџерот за маркетинг и комуникации на компанијата Кожувчанка, Митко Јовановски.
Со овој проект, компанијата Кожувчанка уште еднаш ја потврдува својата посветеност на општествената одговорност особено вложувајќи во најмладите, каде што започнува секоја вистинска промена.






