За состојбите во Србија, портпаролот на ЕК за МКД.мк е вели дека силно жалат за неодамнешното потпишувањето на амандманите на клучните судски закони од страна на претседателот на Србија. „Минатата недела многу јасно го искажавме нашиот став за овие амандмани: тоа е сериозен чекор назад на патот на Србија кон ЕУ и ги поткопува нејзините претходни обврски и постигнатиот напредок. Како дел од процесот на пристапување кон ЕУ, Србија се обврза да ја зајакне судската независност и автономија на обвинителските служби, вклучително и земањето предвид на препораките на Комисијата. Апелираме за итна ревизија на усвоените амандмани за да се решат нашите загрижености. Ревизиите мора да почитуваат транспарентен и инклузивен процес на консултации со сите релевантни засегнати страни, вклучително и о Европската комисија и Венециската комисија.
Во изјавата за Македонија е потенцираат делови од Извештајот за проширување од 2025 година, во кој се вели дека независноста и непристрасноста на судството во Македонија треба да се подобрат.
„Перципираното ниво на доверба во судството останува многу ниско. Надворешното и политичкото влијание врз судството остануваат сериозна загриженост. Повторените изјави од високи политичари претставуваат прекумерно влијание или заплашување и ја поткопуваат независноста на судството. На 29 декември, Собранието на Северна Македонија усвои измени на Законот за Судскиот совет, со цел усогласување на рамката со наодите од мисијата за рецензија од страна на колегите и мислењето на Венециската комисија од јуни 2025 година. Ревидираниот закон моментално е во фаза на ревизија. Северна Македонија треба да ги засили напорите за унапредување на судските реформи, во согласност со обврските и мерките утврдени во нејзината Стратегија за судски реформи 2024-2028 година“, е вели во изјавата на портпаролот на ЕК за МКД.мк.
А.Д.






