До 16 мај истражувањата ќе се спроведуваат во двата национални паркови, а вклучени се и ученици од битолските средни училишта.
„Доцна попладнево на локацијата Бегова чешма се поставија четири мрежи, а учениците од средното медицинско училиште ‘Д-р Јован Калаузи’ и средното училиште ‘Таки Даскало’ имаа прилика да учествуваат на практично прикажување на користењето на метод за истражување и заловување на лилјаци со мрежи. Настанот го оценуваме како исклучително важен затоа што вклучува теренска активности и еколошка едукација“, изјави Иванчо Тошевски, директор на Националниот парк Пелистер.
Стручната поддршка на експертите од Германија помогна за правилен мониторинг на лилјаците, вклучување на младите во научно-едукативни активности и подигнување на свеста за зачувување на биолошката разновидност во националните паркови „Пелистер“ и „Галичица“.