сабота, 6 декември 2025

ЕДС инфо поинт: Струјата на Хупекс берзата чини 119,61 евра за мегават час

Согласно податоците за движењето на цените на берзата Хупекс (HUPX) во Унгарија за 28 ноември просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 119,61 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 118,90 евра/mwh.

Објавено на

часот

Сподели

Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9 – 15 часот,  Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 134,62 евра за мегават час, а на MEMO 129,28 евра.

Цена на Storage MAX, индекс кој ја покажува разликата помеѓу часовните берзански цени помеѓу 12 и 14 часот наспроти часовните берзански цени во периодот помеѓу 18 и 20 часот, изнесува 28,59 евра за мегават час.

Цената на природниот гас пак на унгарската берза CEEGEX изнесува 33,44 евра, додека цена според индексот на холандската берза, TTF Dutch е 29,44 евра.

Информациите за движењето на цената на електрична енергија и на природниот гас, што ги изготвува експертскиот тим на ЕДС, може да помогнат во попрецизно планирање на буџетите за потрошувачката електрична енергија, да се заштеди на сметките за струја, како и компаниите да носат информирани деловни одлуки со кои што ќе ги намалат своите трошоци и поуспешно ќе ги реализираат своите бизнис планови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ