петок, 27 март 2026

ЕДС инфо поинт: Просечната цена на струјата на Хупекс берзата е 141,83 евра за мегават час

Согласно податоците за движењето на цените на берзата Хупекс (HUPX) во Унгарија за 27 март  просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 141,83 евра/mwh, додека на MEMO цената е 96,53 евра/mwh.

Објавено на

часот

Сподели

Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9 – 15 чаот – Power solar peak) на Хупекс постигна ниво од 108,25 евра за мегават час, а на MEMO 84,04 евра.

Цена на Storage MAX, индекс кој ја покажува разликата помеѓу часовните берзански цени помеѓу 12 и 14 часот наспроти часовните берзански цени во периодот помеѓу 18 и 20 часот, изнесува 73,58 евра за мегават час.

Цената на природниот гас пак на унгарската берза CEEGEX изнесува 56,29 евра, додека цената според индексот на холандската берза, TTF Dutch е 55,42 евра.

Информациите за движењето на цената на електрична енергија и на природниот гас може да помогнат во попрецизно планирање на буџетите за потрошувачката на електрична енергија, да се заштеди на сметките за струја, како и компаниите да носат информирани деловни одлуки со кои што ќе ги намалат своите трошоци и поуспешно ќе ги реализираат своите бизнис планови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ