Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9 – 15 – Power solar peak) на Хупекс постигна ниво од 104,31 евра за мегават час, а на MEMO 86,25 евра.
Цената на природниот гас пак на унгарската берза CEEGEX изнесува 34,56 евра, додека цена според индексот на холандската берза, TTF Dutch е 32,65 евра.
Имајќи ја предвид актуелната состојба на енергетскиот пазар во Европа и светот важно е да се подигне свесноста за домаќинско трошење на електричната енергија, како и редовно подмирување на сметките за електрична енергија со цел да се зачува стабилноста во снабдувањето.







