петок, 19 декември 2025

ЕДС Инфо поинт: На Хупекс берзата просечната цена на струјата е 95,10 евра за мегават час, на МЕМО 105,21 евра

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 3 октомври просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 95,10 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 105,21 евра/mwh.

Објавено на

часот

Сподели

Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9 – 15 часот Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 61,21 евра за мегават час, а на MEMO 92,44 евра.

Цената на природниот гас пак на унгарската берза CEEGEX изнесува 34,24 евра, додека цена според индексот на холандската берза, TTF Dutch е 31,46 евра.

Имајќи ја предвид актуелната состојба на енергетскиот пазар во Европа и светот важно е да се подигне свесноста за домаќинско трошење на електричната енергија, како и редовно подмирување на сметките за електрична енергија со цел да се зачува стабилноста во снабдувањето.

Информациите за движењето на цената на електрична енергија и на природниот гас може да помогнат во попрецизно планирање на буџетите за потрошувачката електрична енергија, да се заштеди на сметките за струја, како и компаниите да носат информирани деловни одлуки со кои што ќе ги намалат своите трошоци и поуспешно ќе ги реализираат своите бизнис планови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ