Од општината ги информираат сите родители и ученици дека со одлуката на последната седница на Советот на општина Кратово, се одобрува доделување еднократна парична помош во износ од 3.000 денари за сите ученици кои во учебната 2025/2026 година се запишани во прва година во Средното општинско училиште „Митко Пенџуклиски“ Кратово.
„Аплицирањето за финансирање ќе започне на почетокот на новата учебна година. Потребна е следната документација: потврда за запишување во прва година од СОУ „Митко Пенџуклиски“ Кратово, копија од извод од матична книга на родени за ученикот, копија од лична карта на родител/старател и трансакциска сметка на родителот или старателот, се апликации се поднесуваат во архивата на општината“, се наведува во соопштението од Општина Кратово.
Краен рок на аплицирање е 1 октомври 2025 година, а од општината им посакаа успешен почеток на учебната година на сите ученици.






