четврток, 19 јуни 2025

Едно лице е приведено поврзано со злоупотребите во прилепската болница

Финансиската полиција денеска приведе едно лице поради сомневања за вмешаност во злоупотребите во ЈЗУ општа болница „Борка Талески“ – Прилеп. Сомневањата се за сторена проневера од неколку милиони денари, дознава МКД.мк.

Објавено на

часот

Сподели

Во април годинава Финансиската полиција и Јавното обвинителство извршија претрес во прилепската болница. Се проверуваа сомнителни јавни набавки за болницата.

„Основното јавно обвинителство Прилеп постапува во предистражна постапка поради сомневања за кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување, а поврзано со финансиското работење на болницата. Обезбедени се наредби за претрес на осум локации, а дејствата ги презема Управата за финансиска полиција. По претресите, предистражната постапка ќе продолжи со други дејствија за обезбедување докази“, соопштија на 15 април од ОЈО.

ЈЗУ општа болница со проширена дејност во Прилеп во последните четири години склучила 635 договори преку системот за јавни набавки. Најголем дел од нив се направени лани, во 2024.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ