петок, 6 февруари 2026

Единствена Македонија предлага единствен одгледувач на марихуана за болни да биде државата

Единствена Македонија го реафирмира својот став од 2017 година дека одгледувањето на марихуана за медицински цели треба да биде озбезбедно и контролирано единствено од државата, се наведува во соопштението на оваа партија.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Давањето лиценци за дрога за наводно медицински цели на приватни компании беше
вешто затскривање зад алтруистички мотиви а во реалноста се работеше за исклучиво
профитабилен бизнис во милиони евра, велат од Единствена Македонија.

„На пример, денеска фирмите на Зоран Заев се најголемите одгледувачи на дрога во
повеќе региони во државата а иронијата да биде поголема токму Заев како премиер
во тоа време самиот си додели лиценца за производство и трговија со марихуана.
Поврзано со ова, 2019 беше година кога Заев станува главен дилер на дрога во
Македонија и самиот објави профит од 100 милиони евра“, се наведува во соопштението на Единствена Македонија.

Поради ова, од партијата бараат да бидат објавени основачите на фирмите за дрога и нивното потеклото на имотот како и измени на законската регулатива во смисла државата да биде единствената кој ќе одгледува и обезбедува марихуана за болните луѓе на кои овој опијат им е потребен како лек.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ