петок, 9 мај 2025

Еден повреден во пожарот во Кочани се враќа дома, во странство се лекуваат уште 55 пациенти

Уште еден од повредените лица во пожарот во Кочани, кој беше на лекување во Бугарија, денеска се враќа во земјава, соопшти Министерството за здравство. Во странство, во моментот се хоспитализирани 55 пациенти.

Објавено на

часот

Сподели

Непроменета останува состојбата на пациентите кои се третираат во странство, вклучително и состојбата на критичните пациенти.

Во болниците во земјава во моментов се лекуваат 10 пациенти, од кои четворица во Хируршката клиника Св.Наум Охридски, по еден пациент на Клиника за токсикологија, на Клиника за детска хирургија, на Клиника за пулмологија и во ГОБ 8 Септември, како и двајца пациенти во приватната болница Систина.

Од Министерството за здравство истакнуваат дека континуирано се следи состојбата со повредените пациенти, со цел обезбедување најдобар можен третман, како и понатамошна рехабилитација.

Пожарот во дискотеката Пулс во Кочани избувна рано наутро на 16 март. Во трагедијата животот го загубија 61 лице, а близу 200 беа поврдени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ