Мифтари досега во неколку наврати го одложувал издржувањето на затворската казна со лекарски потврди. Полицијата не може да го најде осуденикот и да го спроведе во затворот.
Мифтари, заедно со сопственикот на фирмата Дурмиш Белули се осудени на по 10 години затвор за трагедијата кај Ласкарци кога на 13 февруари 2019 година, неисправен автобус полн со патници излета од патот. Загинаа 16 патници, а повеќе од 30 беа повредени. Возачот Маноил Трифуновски беше осуден на 14 години, а тројца вработени во техничкиот сервис на Дурмо добија една 5-годишна и две 7-годишни затворски казни.






