петок, 19 декември 2025

ЕБР одбележа шест години од формирањето

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска присуствуваше на одбележувањето на шест години од формирањето на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

„Заедно со припадниците на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје одбележавме шест години од нејзиното формирање – шест години храброст, професионалност и посветена служба во заштита на граѓаните и јавниот ред. Интервентната полиција е меѓу клучните столбови на безбедноста на главниот град. Во изминатата година тие реализираа речиси 30.000 интервенции, а резултатите се јасни и мерливи, меѓу другото, значително е намален бројот на разбојништва. Ова не се бројки на хартија, туку конкретна безбедност на граѓанините“, напиша министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на Фејсбук.

Како министер за внатрешни работи, посочува Тошковски, јасно порачувам дека ќе продолжиме со силна поддршка, инвестиции во опрема, обука и човечки потенцијал, затоа што само силна, подготвена и мотивирана полиција може да гарантира сигурна иднина.

„Им честитам на сите припадници на Единицата за интервентна полиција за нивната пожртвуваност и професионализам. Горд сум на нивната работа и на резултатите што секојдневно ги испорачуваат за безбедна Македонија“, посочи Тошковски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ