четврток, 24 април 2025

ДЗСИ: Нема стентови, салата се реконструира… 57-годишен пациент мртов

На Клиниката за кардиохирургија еден месец не работи ангиографската сала, а нема ни стент-графтови, констатираше Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДЗСИ) по вонредната контрола на Клиниката за кардиохирургија каде на 9 април почина 57-годишниот Тони Ангелковски на кого му требала итна реконструкција на аортата која му била разлистена. Тоа не добил таков третман.

Објавено на

часот

Сподели

Ангиографската сала на Клиниката за кардиохирургија ќе биде затворена до 15 мај, а до тогаш ќе нема ни стентови за торакално-ендоваскуларна аортна реконструкција.

ДСЗИ бара министерот за здравство Арбен Таравари да формира стручна комисија за надзор за да се испита стручното работење на здравствените работници. На клиниката Ангелковски бил примен на интензивна нега, високиот крвен притисок му бил 270, а по интервенцијата спуштен на 150, а со терапијата му биле намалени болките во грбот и градите.

Со оглед на тоа што веќе бил дијагностициран во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ со дисекција на торакоабдоминалната аорта („Стенфорд тип Б“) од Кардиохирургија консултирале васкуларен хирург. На Клиниката за кардиохирургија немало стент-графтови за таква интервенција, а немале ни ангиографска сала во која единствено може да се изведе таква интервенција. Стентови немало ни на  Торакалната клиника каде во тек била поправката на дел од ангиографот.

Министерот за здравство Арбен Таравари изјави дека за починатиот пациент на Државна кардиохирургија ќе има одговорност, доколку имало пропуст или грешка околу неговото лекување.

„Аневризма на аорта е сериозна дијагноза. Уште не сум го прочитал извештајот од ДСЗИ, сега одам во Министерство за здравство да го видам извештајот. Ќе треба да има и стручна комисија веднаш, да се констатира. Според моите информации едната сала работела“, рече денеска Таравари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ