Според оваа анкета, како што соопшти ДЗС, во 2023 година, стапката на сиромашни лица во Република Македонија изнесуваше 22,2 %.
Анализирано по типови домаќинства, стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2023 година е 17,8 %. Според најфреквентниот статус на економската активност, стапката на сиромашни вработени лица е 8,4 %, додека стапката на сиромашни пензионери е 11,3 %. Коефициентот на Џини (мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите) изнесува 30,3 %.






