четврток, 11 декември 2025

ДЗС: Пораст на трошоците за заштита на животната средина во 2024 за 18,3 %

Вредноста на трошоците за заштита на животната средина во 2024 година изнесува 10.503.523 илјада денари и се повисоки за 18.3 % од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика.

Објавено на

часот

Сподели

Во вкупните трошоци за заштита на животната средина според еколошката намена, најголемо е учеството на трошоците за управување со отпадни води  (32.7 %), потоа на трошоците  за циркулациски системи за снабдување со вода (29.0 %) и на трошоците за постапување со отпад (23.7 %).

Трошоците за заштита на животната средина се состојат од две компоненти: инвестиции во средства за заштита на животната средина и трошоци за одржување на средствата за заштита на животната средина. Учеството на инвестициите во вкупните трошоци за заштита на животната средина изнесува 64 %, а учеството на трошоците за одржување во вкупните трошоци за заштита на животната средина изнесува 36 %.

Од вкупните трошоци за заштита на животната средина, најмногу трошоци се направени во индустријата и специјализираните производители, 5.141.293 илјади денари, односно 49 %.

Од направените трошоци за заштита на животната средина во индустријата и кај специјализираните производители, 30,1 % се наменети за инвестиции, а 69,9 % се за одржување на средствата.

Од вкупните плаќања и надоместоци за извршени услуги за заштита на животната средина, најголемо е учеството на платените надоместоци за постапување со отпад,

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ