Во четвртото тримесечје од 2025 година, поголем пораст е забележан во секторите: градежништво од 14,6 % и стручни, научни и технички дејности, 8,1 % во административни и помошни услужни дејности.
Финалната потрошувачка во четвртото тримесечје од 2025 година номинално расте за 6,4 %, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ е 77,9 %.
Бруто-инвестициите во четвртото тримесечје од 2025 година номинално растат за 5 %, како резултат на порастот на бруто-инвестициите во основни средства.
Според сезонските и календарски прилагодените податоци, стапката на раст на бруто-домашниот производ во четвртото тримесечје од 2025 година, во однос на четвртото тримесечје од 2024 година, е 3,4 %.
Стапката на раст на БДП во 2025 година во однос на 2024 година е 3.5 %






