Оваа опрема е наменета за обуки и за вежби, со цел да се подобрат вештините на обучувачите и тимовите од Македонија, а и да се зголеми нивната подготвеност за брзо и ефективно справување со заканите од експлозии на неексплодирани убојни средства (НУС).
Со оваа поддршка, уште еднаш се потврдува дека САД остануваат докажан партнер во зајакнувањето на безбедноста и заштитата на животот и имотот на сите граѓани, соопшти ДЗС.






