четврток, 29 јануари 2026
Извештај

ДЗР утврди ненаплатени побарувања и финансиски пропусти во Институтот за медицина на трудот

Државниот завод за ревизија изврши проверка на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеноста на Јавната здравствена установа Институт за медицина на трудот на Македонија Скопје на сметката за средства од програмите за здравствена заштита, сопствено учество на осигурените лица во цената на здравствената услуга и други средства од сопствени приходи (531) за 2024 година, соопштија денеска од ДЗР.

Објавено на

часот

Сподели

„Изразивме мислење со резерва во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и неповолно мислење за усогласеност на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива за 2024 година. Извршена е ревизија на финансиските извештаи и за усогласеност со законите и прописите за 2016 година и изразено е мислење со резерва во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеност на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива“, појаснија од ДЗР.

Со ревизијата било опфатено и спроведувањето на препораките, дадени во Конечниот извештај на овластениот државен ревизор за 2016 година, при што се утврдило дека дадените три препораки се спроведени.

„Со извршената ревизија на финансиските извештаи на Институтот за 2024 година утврдено е следното: не е направен попис на побарувањата, а за побарувања во износ од 20.420 илјади денари кои се постари од три години не се преземени активности за наплата, не е донесен ценовник и не е воспоставена целосна евиденција, контрола и следење на наплатата на средства по основ на издадените лекарски уверенија“, наведоа од ДЗР.

Како што истакнаа, во насока на надминување на утврдените состојби ревизијата дала препораки со цел преземање на мерки и активности од надлежните лица и органи во функција на подобрување на состојбите.

„Во делот на Нагласување на прашања ревизијата известува за ненаплатените побарувања од Министерството за извршени здравствени услуги по програми за здравствена заштита во износ од 364 илјади денари, чија наплата е неизвесна. Извршени се корекции за време на ревизијата со што е извршено зголемување на вкупната актива и пасива во Билансот на состојба за 160 илјади денари. Не се примени забелешки по Нацрт извештајот на овластениот државен ревизор број 25-151/9 од 18.11.2025 година“, додадоа од ДЗР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ