„Општината нема изготвено и доставено до Советот предлог-план на програмите за развој, а во усвоениот буџет не се опфатени програмите за јавна чистота, улично осветлување, одржување зеленило, субвенционирање јавни претпријатија, заштита и спасување и родова еднаквост.
Исто така не е изготвен годишен извештај за користење на средствата од резервите, а финансиските извештаи се без изјава за точност и вистинитост на податоците искажани во годишната сметка потпишана од законскиот застапник со образложенија кон нив.
Поради недоставени барања за плаќање по пресметка во трезорот (договори за цесија), евидентирани се помалку приходи и расходи за 16.992 илјади денари, односно 276.293 евра.
Не се евидентирани побарувања од комунална такса за користење простор и поставување на витрини за изложување на стоки пред деловни простории, надоместоци за легализација на бесправно изградени објекти и за уредување на градежно земјиште.
По основ на данок на имот и комунална такса за фирма искажани се помалку побарувања од 24.765 илјади денари, односно 402.683 евра не е утврдена старосната структура и проценка на наплатливост и не е извршен попис на средствата и обврските и усогласување на сметководствената со фактичката состојба“, се наведува во извештајот на ДЗР .
Поради необезбедена документација за извршен технички прием, инфраструктурните објекти (примарна и секундарна канализациона мрежа, системи за одведување и пречистување на отпадни води, за водоснабдување, изградба и реконструкција на локални улици и патишта), со вредност од 128.992 илјади денари, односно 2.097.431 евра и покрај тоа што се користат, не се официјално воведени во употреба и се водат како инвестиции во тек без да се пресметува амортизацијa.

„Дел од недвижниот имот на општината, не е проценет и сметководствено евидентиран, а капиталните вложувања за 2024 година, во износ од 144.910 илјади денари, односно 2.356.260 евра не се евидентирани како материјални средства во подготовка.
Во постапките за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти не се почитувани законски пропишани рокови и не е изготвен и доставен извештај до надлежното министерство за користење на средствата по овој основ.
Субвенции во износ од 30.000 илјади денари, односно 487.805 евра се исплатени на ЈКП „Сарај“ и ЈП ‘Акциос’, без донесена програма за субвенционирање и без приложени фактури и поткрепувачка документација за извршените активности по годишниот оперативен план.
Општината исплатила 5.745 илјади денари, односно 93.415 евра за ангажирање лица по договор за дело за редовни административни работи, во континуитет за период подолг од две години, 1.080 илјади денари, односно 17.560 евра за адвокатски услуги, врз основа на склучен договор на месечен паушал, што отстапува од тарифниот модел на пресметка и 4.412 илјади денари, односно 71.740 евра на млади талентирани ученици, здруженија на граѓани, фондации, спортски клубови, поединци и институции кои вршат дејности од јавен интерес, без извршена евалуација и без правилник со критериуми за распределба на средствата“, констатира ДЗР.
Спортско-рекреативниот објект и базен во Сарај издаден е под закуп на период од 25 години, без спроведување на законски пропишаната постапка за долгорочен закуп, каде секој договор за користење/издавање на недвижен имот што надминува 10 години се смета за постапка за трајно отуѓување или долгорочен закуп и за правно валидно издавање на тој имот, мора да следи посебна постапка, согласности и дополнителни одобренија.
„Утврдени се слабости и во јавните набавки кои се однесуваат на несоодветно дефинирање на предметот, проширување на обемот на договори, технички спецификации, пречекорување на вредносни прагови.
Спортско-рекреативниот објект и базен во Сарај издаден е под закуп на период од 25 години, без спроведување на законски пропишаната постапка за долгорочен закуп, каде секој договор за користење/издавање на недвижен имот што надминува 10 години се смета за постапка за трајно отуѓување или долгорочен закуп и за правно валидно издавање на тој имот, мора да следи посебна постапка, согласности и дополнителни одобренија“, се вели во извештајот на ДЗР.
Утврдени се слабости и во јавните набавки кои се однесуваат на несоодветно дефинирање на предметот, проширување на обемот на договори, технички спецификации, пречекорување на вредносни прагови

„Во набавката за ‘Изградба, реконструкција и поплочување на плочки на локални улици’ со вредност од 25.488 илјади денари со вклучен ДДВ, несоодветно е дефиниран предметот ‘изградба и реконструкција на локални улици’, иако реално изведените активности се однесуваат на одржување и поплочување на сервисни локални улички (сокаци) во рурални населени места без воспоставен уличен систем, а со анекс кон договорот се воведува нова ставка ‘монтажа на бекатон плочки’, што не е дел од основната техничка спецификација.
Извршувани се активности пред склучување на договорот за ‘зимско одржување на локалните патишта’ во вредност од 4.720 илјади денари со вклучен ДДВ, не се специфицирани барањата и потребите за извршување на услугата, не е назначено лице кое ќе ја следи работата на механизацијата, со цел исплатата да се врши врз основа на потврдени извештаи за извршените работи.
Општината реализирала набавки над вредносниот праг во вкупна вредност од 27.214 евра, што претставува надминување за 15.214 евра над законскиот лимит“, наведени се од ДЗР конкретни неправилности во работата на Општина Сарај.
За надминување на утврдените состојби дадени се препораки со цел преземање на мерки и активности од страна на надлежните институции и одговорни лица.






